Мареска покажа кој е главен во Челси: Јас сум тука за да носам тешки одлуки!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Тренерот на Челси, Енцо Мареска објасни зошто не го повикал Тревор Чалоба на подготовките во САД пред почетокот на новата сезона.

Мареска кажа дека е тажен затоа што во составот немал место за Чалоба, но „сините“ веќе располагале со доволно квалитетни играчи на таа позиција.

Чалоба се очекува да си замине ова лето од „Стемфорд бриџ“, а премиерлигашот ќе бара околу 30-35 милиони фунти за неговиот трансфер.

„Секогаш е тажно кога си заминува некој играч, но јас сум тука за да носам тешки одлуки“, кажа Мареска.