Павловиќ не можеше да одолее: Милан договори трансфер на српски репрезентативец


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот новинар Фабрицио Романо објави дека Милан ги завршил преговорите со српскиот дефанзивец Страхиња Павловиќ.

Павловиќ доаѓа во Милан од редовите на Салцбург, откако Милан се согласи да плати 18 милиони евра за неговите услуги.

„Газета дело Спорт“ открива дека Милан му понудил двојно поголема плата на Србинот од таа што ја има во Салцбург, па така Павловиќ ќе заработува по 1,4 милиони евра годишно.

Павловиќ досега настапи на 38 меча за српската фудбалска репрезентација и постигна четири голови.