Манчестер јунајтед договори засилување од Баерн Минхен

Премиерлигашот Манчестер јунајтед наскоро треба да се засили со Нусер Мазрауи, кој прифати трансфер во англискиот гигант.

Екипата на Ерик Тен Хаг имаше успешни преговори со Мароканецот и постигна договор, а се очекува да плати 15 милиони евра за потписот.

Мазрауи наскоро треба да стави потпис на договор, но „ѓаволите“ претходно мора да го продадат Арон Ван-Бисака.