Ѓоковиќ ќе донира 200.000 евра во хуманитарни цели


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ неодамна го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз, поради што Владата на Србија му додели 200.000 евра.

Српските медиуми пишуваат дека Ѓоковиќ ќе ја донира целата сума во хуманитарни цели и така ќе продолжи со помош на лицата на кои им е најпотребна.

Ѓоковиќ ќе добие и спортска пензија која би била активна по неговата 40-годишна возраст поради освоениот златен медал.