Ѓоковиќ нема да настапи во Синсинати, Алкараз има шанса да го скокне на АТП-листата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по освоениот медал на Олимписките игри реши да се откаже од настап на мастерсот во Синсинати.

Ѓоковиќ нема да го брани трофејот и ќе загуби 1.000 поени на АТП-листата, а тоа ќе му овозможи на Шпанецот Карлос Алкараз да освои нови бодови и да го надмине Србинот.

Освојувачот на златниот медал, сепак, останува фокусиран на настапот во Њујорк, односно Ју-Ес Опен каде што ќе го „лови“ 25. гренслем-трофеј.