Потврда од Наполи: Осимен сака да замине!

Спортскиот директор на Наполи, Џовани Мана го потврди тоа што се шпекулираше во медиумите во изминатиот период за иднината на Виктор Осимен.

Осимен сака да замине од Наполи и јасно ја искажа својата желба, а Мана кажа дека напаѓачот нема да биде дел од првиот тим додека не се реши проблемот.

„Виктор сака да замине. Имаме фудбалери кои може да го заменат. Осимен е одличен играч, но сакаме да му дадеме приоритет на тимот. Ќе видиме што ќе се случи во следните денови“, кажа Мана.