Реал Мадрид загуби уште една битка од Барселона за – голем талент


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид ја загуби битката со Барселона за талентираниот 18-годишен плејмејкер Маркос Париего од Рајо Валјекано.

Маркос ќе ѝ се приклучи на младинската екипа на Барселона, каде што ќе ги има првите настапи, а во иднина се очекува да биде вклучен и во првиот тим доколку го исполни потенцијалот.

Младиот плејмејкер има силна лева нога, одлична визија и способност да создава шанси за неговите соиграчи.

Париего претходно бил дел од академијата на Реал Мадрид пред да се пресели во Рајо Валјекано.