Барселона сè уште нема регистрирано пет фудбалери за Ла Лига


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Каталонскиот гигант Барселона повторно има проблеми со регистрацијата на фудбалери за следната сезона, па така не може да регистрира пет играчи.

На списокот со фудбалери кои сè уште немаат право за настап во Ла Лига се Иниго Мартинез, Алекс Вале, Пабло Торе, Пау Виктор и Дани Олмо.

Барселона во меѓувреме ги регистрира Ерик Гарсија, Клемен Ленгле и Ансу Фати, па бара решение и за останатите пред почетокот на сезоната.