УЕФА ја промени химната за ЛШ, навивачите бесни: Фудбалот е мртов! (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лигата на шампиони (ЛШ) оваа сезона направи големи промени и сите 36 тимови ќе играат по лигашки систем, а интересно е тоа што Европската куќа на фудбалот (УЕФА) реши да ја промени и химната.

На првите натпревари од последното прелиминарно коло во Лигата на шампионите, на стадионите на Јанг Бојс, Малме, Митјиланд и на привремениот Динамо Киев можеше да се слушне дека најпознатата фудбалска химна за прв пат е сменета откако беше промовирана во 1991 година.

Навивачите воопшто не се среќни поради промените кои ги направи УЕФА и порачаа дека „фудбалот е мртов“.