Челси подготвува „бомба“ – Осимен или Тони!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешниот англиски шампион Челси е решен во завршницата на преодниот рок да купи нов напаѓач, а изборот паднал на само двајца фудбалери, и тоа Виктор Осимен и Ајван Тони.

Челси веќе испрати понуда до Наполи и наводно биле договорени условите, но сега остануваат преговорите меѓу Осимен и премиерлигашот.

Осимен бара голема плата, односно да стане еден од најплатените играчи во светот со плата од 595.000 евра неделно, а Челси очигледно не е подготвен за такво нешто во моментов.

Доколку пропаднат обидите за ангажман на Осимен, тогаш Челси ќе се обиде да го купи Тони од Брентфорд.