Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка го освои првиот трофеј на УС-опен, откако во финалето беше подобра од Џесика Пегула со 2-0 во сетови, односно 7-5 и 7-5.
По освоениот трофеј, Сабаленка се расплака и имаше емотивен говор во кој призна дека си го остварила сонот.
„Останав без збороив. Толку бев блиску минатата година, но не успеав. Сепак, сега си го остварив сонот. Откако го загубив татко ми, целта ми е нашето семејство да се запише во историјата. Секој пат кога ќе го видам моето име на трофејот, горда сум на себе и своето семејство кое не се откажа од мојот сон“, кажа Сабаленка.