Ново разочарување: Бразил загуби од Парагвај во квалификациите за СП 2026

Бразилската фудбалска репрезентација има освоено само 10 бодови по осум одиграни меча во квалификациите за Светското првенство (СП).

Бразил одигра ужасно на гостувањето кај Парагвај и загуби со 0-1, а стрелец на голот беше 21-годишниот Диего Гомез.

Фудбалерите на Бразил се обидуваа да стигнат до израмнувачки погодок, но не им одеше во нападот и на крајот загуби.

Бразил се наоѓа на делба на шестата позиција со 10 бодови, односно зад себе ги има Боливија и Парагвај со по девет бода.