Керол ќе му помага на француски гигант кој испадна во четврта лига


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Енди Керол ги изненади сите откако реши да потпише за поранешниот француски гигант Бордо кој испадна дури во четвртата лига.

Францускиот тим имаше сериозни финансиски проблеми поради кои испадна во понизок ранг, а Керол реши да му се приклучи и да му помогне во борбата за враќање во елитата.

Англичанецот потпиша како слободен играч, а досега во кариерата играше за Њукасл, Престон, Ливерпул, Вест хем и други екипи.