Тер Штеген ќе паузира осум месеци, Барселона најде негова замена


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Каталонскиот гигант Барселона вчера остана без голманот Марк-Андре Тер Штеген кој се повреди и го чека пауза од дури осум месеци.

Барселона не чекаше долго пред да тргне во потрага по замена за Тер Штеген, а изборот наводно паднал на поранешен голман на Реал Мадрид.

Кејлор Навас е слободен агент откако му заврши договорот со ПСЖ, а потоа одби понуда од Ал Хилал.

Навас помина пет години кај „кралевите“ и притоа освои една титула во Ла Лига, но и три пехари во Лигата на шампиони.