Џошуа ќе ја активира клаузулата за реванш со Дубоа (Видео)


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Британскиот промотер Еди Херн објави дека Ентони Џошуа ќе ја активира опцијата за реванш која се наоѓа во договорот со Даниел Дубоа.

Дубоа минатиот викенд го нокаутираше Џошуа пред 96.000 гледачи на „Вембли“ во Лондон, но се очекуваше Ентони да побара реванш.

„Горд сум затоа што тој никогаш не се откажа. Ентони постојано се обидуваше да стане дури и кога не можеше. Даниел заслужува пофалби, тој е светски шампион. Сигурен сум дека Ентони ќе ја активира клаузулата за реванш. Тоа е опасна борба, а Ентони верува во победа“, објави Херн.