Меси повторно го спаси Интер Мајами од пораз (Видео)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Лионел Меси е најдобриот фудбалер на Интер Мајами и тоа го покажа во дуелот против Шарлот во американската МЛС-лига.

Интер Мајами беше пред пораз, но Меси со неговиот погодок му донесе трето реми на клубот по ред во натпреварувањето.

Шарлот постигна гол за водство во 57. минута, но во продолжение од средбата Меси постигна прекрасен погодок за 1-1.

Интер Мајами има три нерешени резултати по ред, но и покрај тоа е прв во конференцијата со осум бодови повеќе од Колумбус.