Кирјос повторно го „пецна“ Синер: Сепак, не си бил невин?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Австралискиот тенисер Ник Кирјос ги дочека своите „пет минути“ и повторно го нападна Италијанецот Јаник Синер по допинг-скандалите.

Италијанецот двапати беше позитивен на забранетата супстанција клостебол, а во август Меѓународната агенција за интегритет во тенисот го ослободи од обвинение.

Светската антидопинг агенција (ВАДА), сепак, поднесе жалба и побара суспензија од една до две години за Синер.

„Можеби сепак не бил толку невин“, објави Кирјос.