Тениска легенда по заплетот во допинг аферата на Синер: Ова е голема работа, не го очекував тоа!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Легендарниот тенисер Пол Мекнами откри дека е шокиран од одлуката на Светската антидопинг агенција (ВАДА) да поднесе жалба на Судот за спортска арбитража (ЦАС) и да бара казна за италијанскиот тенисер.

Да потсетиме, Синер два пати имаше позитивни резултати од допинг тестот, но помина без сериозна казна од Меѓународната тениска агенција за интегритет (ИТИА).

Кога изгледаше дека сè ќе заврши и дека првиот тенисер во светот ќе може да продолжи да размислува само за тенис, следуваше пресврт и споменатата жалба на ВАДА.

Овој потег на ВАДА го изненади познатиот Австралиец.

Боже, тоа што ВАДА поднесува жалба на одлуката на ИТИА до Судот за спортска арбитража во случајот на Јаник Синер ги шокира сите во тенисот…. Тоа е многу голема работа и не го очекував тоа“, порача Meknami преку социјалната мрежа „Икс“.

Мекнами потоа добил прашање од еден корисник на споменатата мрежа да објасни зошто не го очекувал ваквиот продолжеток на приказната.

Мислев дека постои поголема усогласеност на протоколите, но очигледно нема, а тоа е загрижувачко за спортот“, одговори Австралиецот.