Нов успех за македонскиот таеквондист: Дејан Георгиевски освои сребрен медал на турнир во Тирана

Македонскиот таеквондист, Дејан Георгиевски освои сребрен медал на турнирот во Тирана, каде што запиша две победи.

Георгиевски беше подобар од Насо од Италија и Плонис од Белорусија, по што загуби во финалето од Гркот Сотирос.

Македонецот во финалето се борел и со повреда, која за среќа нема да му прави проблеми во следните предизвици и ќе биде санирана за кратко време.