Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешниот италијански напаѓач Антонио Касано повторно дојде во центарот на вниманието и повторно поради контроверзни изјави. Овој пат, поранешниот напаѓач на Реал Мадрид го „нападна“ Кристијано Роналдо и кажа дека „не знае да игра фудбал”.
Стана вообичаено во последните години Касано да се наоѓа во расправии со други познати спортисти. Сведоци сме на разни караници меѓу него и поранешни или актуелни играчи или тренери, а сега го нападна, ни помалку ни повеќе, туку Роналдо.
„Кристијано Роналдо не знае како да игра фудбал. Може да даде 3.000 голови, баш ми е гајле. Хигуаин, Агуеро, Бензема, Левандовски, Ибрахимовиќ и Суарез знаеја како да се вклопат во тимот и да соработуваат со соиграчите“, вели Касано и додава:
„Тие знаеја многу повеќе работи за разлика од Роналдо, чиј главен интерес и единственa цел отсекогаш беше да постигнува голови. Не го интересираше дали неговиот тим победува или губи, само тој да постигнува голови“.
Касано и порано го критикуваше Роналдо, а сè започна кога овој фудбалер пристигна во Јувентус од Реал Мадрид летото 2018 година. Кога ја напушти „Старата дама“, Касано воопшто не го штедеше Португалецот и порача дека тој бил огромен неуспех на Јувентус.
„Јувентус го доведе за да ја освојат Лигата на шампиони, а тие со него станаа уште полош тим. Освоија и Серија А без него, што само покажува каков неуспех беше Роналдо во Јувентус“, своевремено зборуваше Касано.
Роналдо не е тип кој лесно влегува во било каква дебата, особено избегнува вакви ситуации, но тука е неговата сестра Елма Авеирo.
„Не го познавам овој јаден човек и не ми е гајле да му кажам една работа, дека Кристијано не знае да игра, а постигна 900 голови, замисли ако знаеше да игра.“, напиша таа