Манчестер јунајтед го доби спорот: Укината суспензијата на Фернандеш (Видео)


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер јунајтед Бруно Фернандеш ќе може да игра во наредните три натпревари, бидејќи беше прифатена жалбата на клубот да му се укине суспензијата.

Бруно Фернандеш ќе може да игра на наредните три натпревари на клубот, по успешната жалба за неправедното исклучување“, се наведува во соопштението на Манчестер јунајтед.

Фернандеш доби директен црвен картон на натпреварот од Премиер лигата против Тотнем во саботата, поради остар старт над Џејмс Медисон.

Капитенот на Јунајтед требаше да ги пропушти премиерлигашките натпревари против Астон Вила, Брентфорд и Вест Хем.

Манчестер јунајтед оваа сезона игра очајно и е на 13. место на табелата со седум бодови, откако загуби од Тотнем 0-3.