Јокиќ откри кој му е најтежок пораз во кариерата: Тоа не се заборава…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ во разговор со медиумите откри дека поразот од САД во полуфиналето на Олимписките игри во Париз му е најтежок во кариерата.

Нашиот северен сосед одигра одличен меч, но не издржа до крајот и им дозволи на Американците да се пласираат во финалето.

„Тоа беше добар натпревар, но и најголем пораз во мојата кариера. Имавме голема шанса, но на крајот нè победија. Некои луѓе тоа го гледаат како нормален пораз, но нам ни е најтежок“, кажа Јокиќ.