Германците како некој да ги има проколнато – Уште еден играч отпадна, Нагелсман веднаш најде негова замена


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Германија се соочува со големи проблеми. Многу играчи го откажаа доаѓање на собирот поради повреди, а сега листата е продолжена за уште едно име.

Во рамките на 3. коло на групната фаза на А дивизијата на Лигата на нации на 11 октомври репрезентацијата на Босна и Херцеговина на Билино поле ќе ја пречека селекцијата на Германија.

И двете репрезентации се собраа вчера, а селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, се соочува со сериозни проблеми кога станува збор за откажувања на играчи.

Само што пристигна вест дека уште еден играч на Германија поради повреда отпадна за претстојните натпревари, а станува збор за левиот бек на Лајпциг, Давид Раум.

Нагелсман одлучи да испрати дополнителен повик, и тоа за Робин Госенс.

.