Познат главниот кандидат за нов селектор на Англија


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Англиската фудбалска репрезентација активно бара нов селектор, а наводно главен кандидат за кормилото е бившиот тренер на Баерн Минхен, Челси, ПСЖ и Борусија Дортмунд, Томас Тухел.

Тухел почнал преговори со Англичаните за селекторското место кое го напушти Герет Саутгејт по поразот во финалето на Европското првенство (ЕП) во Германија.

Германецот го напушти Баерн Минхен минатата сезона, откако бундеслигашот по долго време не освои пехар.

Како потенцијален селектор на Англија, доколку продолжи неуспешната серија под водство на Карсли, се споменува и Пеп Гвардиола, кој е под договор со Манчестер Сити до крајот на јуни следната година.