Салах добива наследник на „Енфилд“: Ливерпул сака да активира „бомба“ од 85 милиони евра


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Ливерпул го идентификуваше крилниот играч на Вест Хем Јунајтед, Мохамед Кудуз, како потенцијална замена за Мохамед Салах чиј договор истекува следното лето.

Гигантите од „Енфилд“ имаат фантастичен почеток на сезоната. Салах одигра клучна улога со 6 гола и 5 асистенции од 10 настапи. Сепак, неговата иднина е неизвесна со оглед на тоа што неговиот договор истекува во јуни следната година.

Во меѓувреме, медиумите тврдат дека „Црвените“ разгледуваат потег за Кудуз, кој направи импресивен почеток на својата кариера во Премиер лигата по пристигнувањето од Ајакс.

Кудуз, кој е двократен освојувач на лигата со Ајакс, е идеален кандидат’ и ‘привлечна цел’ за гигантот од „Енфилд“.

Кудуз има клаузула за откуп во договорот вредна 85 милиони фунти и „Чеканите“ би можеле да бараат сума близу до таа.

.