Крај на една ера: Манчестер Јунајтед го избрка Сер Алекс Фергусон


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Големи потреси го погодија „Олд Трафорд“ и легендата на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон кој доби отказ и повеќе нема да биде на клупски амбасадор.

Британски „Атлетик“ ја донесе информацијата за крајот на ерата на Фергусон во Јунајтед и 82-годишникот повеќе нема да прима плата од познатиот клуб, а како причина за отказот се наведува намалување на клупските трошоци и Шкотот е само еден од погодените. Ко-сопственикот на клубот Сер Џим Ретклиф, директор на нафтената компанија ИНЕОС, неформално го известил Фергусон дека повеќе нема да биде на платниот список на Јунајтед.

Да потсетиме, Сер Алекс Фергусон статусот на легенда во Јунајтед го доби како менаџер на клубот и на клупата на Јунајтед седел од 1986 до 2013 година и освоил дури 13 титули во Премиер лигата, пет ФА купови и две Лиги на шампиони.

Оваа вест ги потресе сите на Островот и ќе видиме како ќе реагираат навивачите на Јунајтед на отпуштањето на легендата.