Влаховиќ добива друштво: Јувентус ќе купи хрватски напаѓач


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешниот италијански шампион Јувентус планира да го засили нападот со уште еден фудбалер, а наводно изборот паднал на Хрватот Анте Будимир.

Будимир има 34 години и наскоро би можел да му се приклучи на Душан Влаховиќ во нападот на „Старата дама“.

Будимир веќе има искуство во Италија каде беше Кротоне (83 настапи, 27 гола, шест асистенции) и Сампдорија (14 натпревари, 1 гол).

Хрватот во кариерата настапуваше и за Интер од Запрешиќ, Мајорка, Локомотив и Ст. Паули.