Тен Хаг по победата против Брентфорд: Продолжуваме по нашиот пат!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед славеше против Брентфорд со 2-1, а тренерот Ерик Тен Хаг кажа дека е задоволен со триумфот на неговите играчи.

Тен Хаг знае дека „ѓаволите“ мора да ги подобрат настапите и да постигнат подобри резултати по очајниот почеток на сезоната.

„Победите секогаш ве тераат да верувате во успех. Тоа ќе ни даде и поголема самодоверба. Продолжуваме по нашиот пат, иако имавме лош старт на сезоната. Ова е само една победа, но мора да разбереме дека треба да победуваме на секој меч“, кажа Тен Хаг.

Гигантот од „Олд Трафорд“ со оваа победа скокна до 11. место во Премиерлигата и има 11 бодови по осум одиграни меча.