Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Динамо Загреб славеше против Салцбург со 2-0 во третото коло од Лигата на шампиони (ЛШ), а македонскиот интернационалец Стефан Ристовски беше асистент на двата гола.
Стрелци на Динамо беа Сандро Куленовиќ во 49. минута и Бруно Петковиќ во 84. Минута, додека Ристовски ја доби наградата за игра играч на натпреварот.
„Ова е прекрасно чувство, горд сум на момците. Заслуживме да победиме. Го исполнивме тоа што се договоривме. Победата ќе ни донесе самодоверба пред останатите натпревари“, кажа Ристовски.
Динамо се наоѓа на 22. место на табелата со четири бодови, односно еден повеќе од Баерн Минхен.