Синер разочаран: Дознав кои ми се вистински пријатели во тенисот…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот тенисер Јаник Синер помина низ тежок период во кариерата, откако доби два позитивни допинг-тестови, но и покрај тоа не се предава.

Синер вели дека добил голем број напади од неговите колеги, а само ретки му дале поддршка во најтешкиот период од животот.

„Иако имав два позитивни тестови во март, веста се појави пред почетокот на Ју-Ес Опен. Мојот план беше да почнам со тренинзи во среда, а веста се појави во вторник. Во глава ми поминаа многу мисли, но дознав кои од играчите ми се пријатели“, кажа Синер.

Италијанецот освои многу титули оваа сезона и во моментов е недопирлив на првото место на АТП-листата.