Лејкерс се врати од „мртвите“ и го уништи Феникс (Видео)


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс триумфираа против Феникс санс со 123-116, и тоа на неверојатен начин.

На почетокот на втората четвртина Феникс доминираше и стигна до +22 (48-26), по што се вклучи алармот во таборот на Лејкерс кој се врати од „мртвите“.

Ентони Дејвис го заврши мечот со 35 поени и осум скокови, додека Остин Ривс постигна 26 поени и осум асистенции. На спротивната страна најефикасен беше Кевин Дурант со 30 поени.