Хаос во соблекувалната на Рома – се степале тренерот и заменикот капитенот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Катастрофален резултат на фудбалерите на Рома и поразот од Фиорентина со 1-5 во деветтото коло на италијанската Серија А, предизвика големо незадоволство меѓу навивачите, но и во самиот тим.

„Волчицата“ на гостувањето во Фиренца доживеа еден од најтешките порази во последно време, што кулминираше до физичка пресметка во соблекувалната.

Како што пренесува „Кориере дело спорт“, хрватскиот тренер Иван Јуриќ се судрил со еден од најискусните во својот тим, Џанлука Манчини. Сè се случило на полувремето на натпреварот на стадионот „Артемио Франки“, кога Јуриќ одлучил да го замени стоперот, што предизвикало незадоволство кај играчот. Наводно се споменува дека прво дошло до вербален судир на двајцата споменати, а потоа и до физичка пресметка.

„Тотален колапс на Рома. Хрватскиот тренер е под голема закана од отказ. Друг исход и не е можен кога се гледа каде е Рома во Италија и Европа“, наведува „Газета дело спорт“.