Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
По победата од 4-0 на „Сантјаго Бернабеу“ во „Ел Класико“, Барселона одлучи да го „пецне“ лутиот ривал и по церемонијата за доделување на „Златната топка“.
Синоќа се одржа гала церемонијата за доделување на „Златната топка“ која ја освои играчот од средниот ред на Манчестер сити, Родри.
Беа доделени и многу други награди, а одредени завршија и во рацете на членовите на Барселона.
Очекувано, наградата за најдобар млад играч отиде во рацете на Ламин Јамал, неверојатниот фудбалер на каталонскиот гигант.
Аитана Бонмати, фудбалерката на женскиот тим на Барселона, беше прогласена за најдобра во светот.
Сите тие се појавија на церемонијата на која немаше никој од Реал Мадрид откако дознаа дека Винисиус Жуниор нема да ја освои Златната топка.
.