Сидорф прв собра храброст и откри зошто Винисиус остана без „Златната Топка“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Прашање е дали Кларенс Сидорф ќе добие покана следната година за доделување на „Златната топка“, бидејќи тој беше првиот што се осмели јавно да каже зошто Винисиус Жуниор не ја доби престижната награда и што се крие зад сето тоа.

Винисиус резервира скапоцен хотел во Париз, повика 20-тина најблиски пријатели на луда забава. Тој беше уверен дека го чека исполнувањето на сонот и освојување на најголемата индивидуална награда во светот на фудбалот.

Сепак, во понеделникот во попладневните часови доби „студен туш“. Почнаа да излегуваат информации дека Бразилецот нема да биде новиот освојувач на „Златната топка“, туку наградата ќе припадне на Родри.

Првиот што го изговори тоа јавно беше Сидорф кој зборувајќи за бразилските медиуми од црвениот тепих во Париз токму како причини ги наведе студената војна помеѓу Реал и УЕФА.

„Мислам дека постојат проблеми помеѓу Реал Мадрид и УЕФА, што влијаеше на некои работи во резултатите”, рече Сидорф.

“Винисиус е тој кој дефинитивно ја заслужува наградата. Штета што не ја освои”, додаде легендарниот Холанѓанец.