Хет-трик на Калиниќ во победата на Фиорентина, Интер повторно поразен, отказ за Де Бур?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерите на Интер уште еднаш ги разочараа своите навивачи бидејќи денеска во Бергамо против Аталанта го доживееја четвртиот овосезонски пораз во Серија А.

    Домашната екипа поведе во 10 минута кога стрелец беше Масиељо после асистенција на Куртиќ.

    До крајот на првиот дел од играта резултатот не се менуваше. Сепак, продолжението од мечот донесе израмнување на Интер кој сите карти ги фрли во напад.

    Се играше 50 минута кога Едер подоги за израмнување. Екипата на Франк Де Бур не издржа до крајот на мечот па примија уште еден погодок и тоа во 88 минута кога Пиниља од пенал донесе победа на својот тим.

    Интересен натпревар е игран во Каљари каде што гостуваше Фиорентина, а гледачите видоа дури осум голови.

    Домаќините поведоа во 2 минута кога стрелец на погодок беше Ди Џенаро, а потоа следеше голеада на гостире.

    Прво Калиниќ погоди за израмнување, а тогаш Бернандески постигна два погодоци, па Калиниќ уште еден за високи 4:1 на полувреме.

    Продолжението на мечот донесе уште три гола. Повторно Калиниќ погоди во 53 минута за 5:1, а Капуано во 61 го постигна вториот гол за Аталанта, а Бориело во 77 третиот, но тоа не беше доволно за домаќините да освојат бодови. Во останатите мечеви Наполи успеа да слави во гости кај Кротоне со 2:1, додека Лацио и Торино ги поделија бодовите 2:2. Емполи и Киево истотака ги поделија бодовите  одигрувајќи 0:0.