Како е голем мотиватор Кристијано Роналдо ги импресионираше своите соиграчи да го подигнат “Клемпавко“ пехарот!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Прочури видео снимка од соблекувалната на Реал Мадрид во текот на полувремето од финалето на ЛШ против Атлетико. Во главна улога Кристијано Роналдо.

    Роналдо важи за непоправлив егоист и за себичен, а ова видео сведочи дека е тимски играч.

    Португалецот го одигра финалето од ЛШ против Атлетико под очекувањата, не се виде на теренот, но во хрониките ќе остане запаметен дека неговиот гол од белата точка донесе на „кралскиот клуб“ 11 титула шампион на Европа во клупската историја.

    Освен тоа, улогата на Роналдо во освојувањето на последниот трофеј има уште една димензија.

    Имено, псоле големиот одмор, Кристијано со страствен говор се обрати на своите соиграчи со следните зборови:

    „Слушајте ваму, сакам нешто да ви кажам, не делат нас 45 минуто од пишување на историја. Мораме да одиграме најдобро што можеме бидејќи се само уште 45 минути. Ајде тоа да го направиме. Заедно сме посилни“, го рече тоа Роналдо.

    https://www.youtube.com/watch?v=Kid6eSXPgok