Секс на Стенфорд Бриџ – Дебакл на Мурињо и Јунајтед


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Вистински секс на Стенфорд Бриџ, Јунајтед буквално декласиран од Челси.

    Челси поведе веќе во 30 секунда, Маркос Алонсо го проигра Педро, го помина Давид Де Геа и рутинирано го совлада за водство од 1:0.

    До вториот гол се чекаше се до 21 минута, кога Кејхил една одбиена топка ја начека и рутинирано го совлада Давид Де Геа за високи 2:0.

    Манчестер Јунајтед имаше шанса преку Лингард но Куртоа беше на висината на задачата.

    Со тој резултат се замина на одмор.

    После мирните 15 минути, во 61 минута Азар истористи еден добар пас од Матиќ и погоди во десната агол за високи 3:0.

    После осум минути, 4:0 за Челси. Стрелец на голот на Н`Голо Канте кој направи еден соло продор и стрелаше во левиот агол за високи 4:0.

    Во 80 минута Манчестер се закани преку Златан Ибрахимовиќ но сигурен беше Тибо Куртоа.

    Челси рутинирано го приведе мечот до крајот, тимот на Антонио Конте славеше убедлива победа над Манчестер Јунајтед на Мурињо, кој никако не може да ја пронајде вистинската тактика и формула со Манчестер Јунајтед.

    Челси со овој триумф се наоѓа на 4 место со 19 бода, само еден помалку од водечкото трио. Јунајтед останува на седмото место со 14 бодови.