Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот медиум „Марка“ најави борба меѓу Реал Мадрид и Барселона за потписот на еден од најталентираните Шпанци.
Антонито има само 18 години и игра за Малага, како и за репрезентацијата на Шпанија до 19 години, а наскоро се очекува да направи голем трансфер.
Шпанецот има договор до следното лето и веќе одби да потпише нова соработка со Малага, а тоа значи дека на крајот на сезоната може да замине како слободен агент.
Поради тоа се очекува Малага да се обиде да го продаде во јануари, затоа што тоа е последна шанса да заработат пари од неговиот трансфер.
Тинејџерот има 13 настапи за Малага и притоа постигна три гола, а исто така асистираше за три погодоци.