Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Шпанскиот репрезентативец Родри ја освои „Златната топка“ на крајот на минатиот месец, иако до крајот водеше голема борба против Бразилецот Винисиус Жуниор.
Родри во разговор со новинарите откри и кој е најдобар фудбалер во историјата. Шпанецот го избра легендарниот Аргентинец, Лионел Меси, иако имаше пофални зборови и за Кристијано Роналдо.
„Меси е најдобар фудбалер во историјата на фудбалот. Немам сомнеж за тоа. Кристијано работеше напорно за да биде рамноправен, но го нема тој талент како Меси. Со Лео знаете дека нешто може да се случи на секоја страна од теренот“, кажа Родри.















