„Не треба да се смеете со играчите кои само што ве победија“

    Шведскиот напаѓач од редовите на Манчестер Јунајтед Златан Ибрахимовиќ се најде на удар на критики после мечот против Челси.

    Ибрахимовиќ после последниот судиски свиреж беше многу опуштен, и приоѓаше на фудбалерите на Челси и водеше опуштен разговор, како неговиот тим да не загуби со високи 4:0.

    Тоа ги заболе навивачите на Манчестер Јунајтед, но и некогашниот фудбалер на овој клуб Рајан Гигс кој го нападна Ибрахимовиќ после мечот.

    „Не стојте по теренот, менувате дресот и да се смеете со фудбалерите на клубот кои вас само што ве победија“, рече кратко Гигс по мечот.