До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерот од БСК Ерик Бејли е единствена светла точка во дефанзивниот ред на Манчестер Јунајтед во оваа сезона.
Сепак, Црвените ѓаволи останаа без фантастичниот штопер на долго време, што сигурно повеќе ќе ги заболе од тешкиот пораз од Челси (4:0). Бејли поради повреда на коленото го напушти мечот на почетокот на второто полувреме, а Мурињо после мечот изјави:
„Се плашам дека повредата е тешка. Коленото е во прашање и многу лошо изгледа“, истакна Мурињо.
Ова е секако голем удар за Јунајтед кој има огромни проблеми во одбраната.















