Ибра во 10 години никогаш не бил полош


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ игра лошо во оваа сезона.

    Недостасуваат погодоците на Златан во Јунајтед, кој денеска е прегазен на Стенфорд Бриџ со 4:0.

    Лош Јунајтед, лош Златан, што е навистина неочекувано, бидејќи сепак се навикнавме на доминација на шведскиот напаѓач.

    Златан, имено, 498 минути е без гол во лигашки мечеви, што последен пат му се случило во 2006 година, кога го носеше дресот на Интер.

    Годините го стигнаа, но сигурнио е дека во Ибрахимовиќ има уште магија и навивачите на Јунајтед сакаат што порано да го прекине голгетерскиот пост и да потсети на некои подобри денови.