Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Реал Мадрид се соочува со разни проблеми, а Карим Бензема предложи фудбалер кој би можел да биде од голема помош за клубот во иднина. Французинот го повикал претседателот на Реал, Флорентино Перез и му дал совет за еден играч.
Бензема, кој веќе долго време игра во Саудиска Арабија, и покрај тоа што имал некои проблеми со Реал во минатото, останал во добри односи со повеќето луѓе во клубот.
Французинот ја забележал кризата во која се наоѓа Реал, па Бензема му понудил на Перез фудбалер за кој смета дека би бил од голема корист за Карло Анчелоти. Станува збор за 22-годишниот Габриел Веига, кој моментално игра за Ал-Ахли. Тој е поранешен младински репрезентативец на Шпанија, кој има 17 настапи и 2 постигнати голови за својата земја.
Неговата моментална вредност на трансфер-маркетот е 25 милиони евра, а може да делува и во офанзивна и во дефанзивна улога.