Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Љубителите на тенисот во Аргентина синоќа беа сведоци на вистински спортски спектакл – дуелот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин дел Потро.
Овој натпревар беше последен во кариерата за легендарниот аргентински тенисер, кој во кариерата имаше голем број повреди.
На трибините на стадионот во Буенос Аирес се собраа повеќе од 15.000 гледачи за да го проследат последниот настап на еден од најомилените аргентински спортисти.
Ѓоковиќ, познат по својот спортски дух и почит кон своите колеги, не пропушти да му оддаде чест на својот долгогодишен пријател. Дел Потро го заврши мечот со победа во два сета, 6-4 и 7-5, но резултатот беше сосема во втор план.
Juan Martin del Potro and Novak Djokovic are both in tears as Juan wins his farewell match.
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) December 1, 2024
They share a beautiful hug at the net.
Delpo crying as Novak embraces him.
What a moment between legends.
Ultimate respect. 🥹
pic.twitter.com/qSBeV7VYR2