Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ти-Џеј Шортс, кошаркарот роден во Америка кој има македонски пасош, зад себе има фантастични резултати во текот на ноември во Евролигата. Затоа е награден како најкорисен играч во ова престижно натпреварување.
Врз основа на неговите настапи, Шортс беше прогласен за МВП. Тој на петте натпревари во ноември оствари просек од 19,6 поени и 8,4 асистенции, со индекс од 25,2.
Како македонски репрезентативец, Шортс успешно го водеше Париз до пет победи во Евролигата во ноември. Највпечатлив му беше настапот против Барселона (103-87), каде забележа 24 поени, девет асистенции и индекс 36.