Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ официјално ја напушти Аргентина и се врати во Европа. Сè уште не се знае дали тргна кон Србија или пак во некоја друга земја, но пред сето тоа направи вистинско шоу на пистата. Пред авионот, заедно со Хуан Мартин дел Потро, уште еднаш ги воодушеви многумина.
Токму пред да влезе во авионот, најдобриот тенисер на сите времиња запеа во чест на својот пријател. “Оле, оле, оле, оле, Делпо, Делпо“, пееше Новак песна посветена на Хуан, песна која некогаш се пееше на легендарниот Диего Армандо Марадона. На ова Дел Потро реагираше со поздрави и насмевки, што се забележува и на видеото кое го објави на своите социјални мрежи.
Ѓоковиќ дојде во Аргентина токму заради него. За да му го овековечи неговото збогување и последниот меч во кариерата. На егзибицискиот меч пред повеќе од 15.000 луѓе беше навистина емотивно. И Ѓоковиќ и Дел Потро плачеа. Моменти кои и двајцата ќе ги паметат засекогаш.
Y después de casi tres días furiosos, Djokovic se fue del país, cantando desde la escalinata del avión: “olé, olé, olé, Delpooo, Delpooo”.pic.twitter.com/RS2qKINcxt
— Себастијан Торок (@sebatorok) 2 декември, 2024