Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид претрпе пораз на незгодното гостување кај Атлетик Билбао со резултат 2-1 во рамките на 16. коло од Ла Лига.
„Кралевите“ имаа одлична шанса да поведат уште на стартот од натпреварот, кога Килијан Мбапе постигна гол во 14. минута. Сепак, радоста на гостите беше краткотрајна бидејќи ВАР-технологијата утврди дека станува збор за офсајд, и погодокот беше поништен.
Првото полувреме помина без промени на резултатот, со неколку неуспешни обиди на двете страни. Домашниот тим успеа да ја искористи својата шанса на почетокот на второто полувреме и да поведе со 1-0.
Реал Мадрид доби можност да израмни преку пенал во 68. минута, но Мбапе не успеа да ја смести топката во мрежата, што дополнително го отежна натпреварот за „кралевите“. Сепак, надежите за позитивен резултат се вратија во 78. минута кога Џуд Белингам постигна израмнувачки гол.
Само две минути подоцна, Атлетик Билбао повторно ја врати предноста преку Гурузета, кој погоди за конечните 2-1. И покрај напорите на Реал да се врати во игра, резултатот остана непроменет до самиот крај на натпреварот.
Second penalty missed in one week for Kylian Mbappé, again saved by the GK 🧤pic.twitter.com/DZGPbWrO5J
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 4, 2024