Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Капитенот на репрезентацијата на Хрватска, Лука Модриќ успеа некако минатото лето да ги убеди челниците на Реал Мадрид да му го продолжат договорот на уште една година, по што се очекуваше неговото заминување, но – нему не му е доволно. Модриќ сака уште една сезона во Реал и повторно го убедува „кралскиот клуб“ да му понудат било каков договор, но тоа ќе оди многу тешко…
Проблемот е што ни во Реал Мадрид не знаат како да му кажат не, така што му го кажаа тоа „помеѓу редови” – поставувајќи му услов што, речиси, не може да го исполни. Флорентино Перез одржа состанок со него и му беше објаснето дека Модриќ мора да ја повтори минатата сезона кога сè уште правеше разлика на теренот, особено во Лигата на шампионите. Веќе сега неговата улога е значително помала и тешко е да се очекува дека со уште помала минутажа ќе ги повтори истите потези.
И натаму повремено покажува убави потези, но не може да го издржи темпото што го бараат натпреварите на највисоко ниво, така што поради тоа ќе мора да размисли за заминување од клубот – доколку сака да ја продолжи професионалната кариера. Веќе се споменувала и Саудиска Арабија, што Модриќ експлицитно ја одби, и покрај богатството, само да остане во Реал Мадрид.
Сепак, сега не го поддржува тренерот Карло Анчелоти од кого се очекува на крајот на сезоната да го напушти „Сантијаго Бернабеу“, но конечната одлука повеќе ќе зависи од желбата на неговиот наследник Чаби Алонсо.