„Партизан е Јувентус во Балканов“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерите на Партизан успееја да се извлечат од резултатската криза и да се вратат на стариот пат.

    Нападот проработи, Божинов почна да постигнува голови, а Џурѓевиќ да асистира.

    Бугарскиот интернационалец, на друштвените мрежи од ден во ден покажува приврзаност кон тимот од Хумска, во вид на навивање и слично.

    Поранешниот фудбалер на Старата дама, Италија ја замени со Србија.

    Покрај тоа, направи црта меѓу сегашниот и некогашниот клуб.

    „Партизан е Јувентус на Балканот. Иста боја  и ист менталитет за победа. Уште да играме како тие би било добро“, рече Валери Божинов.