Серена Вилијамс направи трансформација, фановите изненадени од нејзиниот изглед (Фото)


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


На почетокот на 2024 година, тениската легенда Серена Вилијамс, една од најдобрите спортистки во историјата, беше мета на критики за својот изглед. Но, помалку од 10 месеци подоцна, Американката ги изненади сите со својата импресивна физичка трансформација.

Серена, која со години доминираше на тениските терени, успеа да освои рекордни 23 Гренд Слем титули и многубројни други престижни турнири. Нејзината харизма и енергија ја претворија во икона на спортот. По пензионирањето во 2022 година, реши да се посвети на семејството, бизнисите и своите лични проекти.

Сепак, по повлекувањето од активниот спорт, Вилијамс почна да се опушта, што резултираше со значителна промена во нејзиниот физички изглед. Во март 2024 година, кога се појави на еден настан во Мајами, доби бројни негативни коментари на социјалните мрежи, во кои луѓето ја критикуваа поради вишокот килограми.

Меѓутоа наместо да ги игнорира критиките, Серена ги сфати како мотивација. Со голема решителност и дисциплина, таа се посвети на здрав начин на живот, вклучувајќи тренинзи и балансирана исхрана. Резултатите од нејзиниот труд се повеќе од очигледни, а фотографиите објавени неодамна на социјалните мрежи сведочат за нејзината импресивна трансформација.

.